Македонија горда на Славица Ангелова: Победничка во супер финалето на „Ѕвездите на Гранд“!

25 јуни 2023

Македонија вечерва е горда и се радува на успехот на младата и талентирана пејачка Славица Ангелова од Струмица, која успеа да го освои супер финалето на музичкото талент шоу „Ѕвездите нa Гранд" што вечерва во живо се емитуваше на Телевизија Сител.

Славица успеа да се пласира како единствена претставничка на нашата земја во големото финале под менторство на Ѓорѓе Давид и конечно вечерва победнички да го развиори македонското знаме на сцената пред милионската регионална публика.

„Во моментов навистина сум премногу возбудена, но сакам да изразам голема благодарност до сите што верувавте во мене и ме поддржувавте до самиот крај", накратко изјави Славица и со фантастична изведба на „Ugasi me" од Parni Valjak која ѝ ја донесе победата, ја заокружи 16-та сезона на „Ѕвездите на Гранд".

Со оваа победа, таа ја добива статутеката Ѕвезда на Гранд, а воедно и договор со продукцијата која застанува зад неа.

Честитки за Славица и  и посакуваме уште поголеми успеси на нејзиниот кариерен пат на музичката сцена!

Нејзиното време допрва доаѓа!

Стилска ретроспектива – Славица блеска на сцената во ЕЛЕНА ЛУКА

Славица на сцена секогаш изгледа беспрекорно и светски благодарение на долгогодишната соработка со етаблираниот моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА.

Ултра модерни, впечатливи и моќни сценски аутфити потпишани од ЕЛЕНА ЛУКА, ја имаат клучната улога во визуелното доживување на сцената и секоја музичка приказна на Славица, ја прават комплетна.

Како што вели и Славица, која инаку паралелно е и студентка на медицина, подготовките за еден вака сериозен музички проект, како што е „Ѕвездите на Гранд", бараат исто толку сериозен професионален пристап. Покрај работата на гласот и постојаното надградување, тоа подразбира и максимален ангажман околу сценскиот изглед за кој уште од почетокот на нејзината музичка кариера е задолжен нашиот етаблиран моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА, модната куќа која создава вистинска модна магија на сцена.
Секогаш впечатлива, моќна, своја – ЕЛЕНА ЛУКА до совршенство го дефинира сценскиот имиџ на нашата талентирана Славица, за впечтокот да биде без исклучок фантастичен.

 Од елегантни и безвременски, до авангардни и неконвенционални аутфити, што го носат духот на светската поп сцена, во продолжение издвојуваме дел од највпечатливите сценски изгледи на Славица потпишани од светската, а наша ЕЛЕНА ЛУКА.

 

Објавено:
25 јуни 2023
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
8.640 пати