Македонската манекенка Горјана Кулишевска – Џоја неодамна во Милано изработи лукбук за престижниот светски моден бренд Александар Меквин.
Фотосесијата за истиот беше организирана во главните простории на модната куќа во Милано, е фотографиите се наменети за познатата групација Net-a-Porter.
„Неодамна нашиот модел потпиша договор со една од најдобрите модни агенции NEXT MODELS и очекувано следеше добар ангажман. Кулишевска е долги години на модната сцена, но сепак победата на Лице на Годината за 2017 година и ги отвори вратите на светскиот моделинг. Покрај Моделс ИН Менаџмент кариерата на нашата Џоја и ја води познатата менаџерка Јелена Ивановиќ од Белград која успешно ја пласираше во Милано и Париз. Елегантна, софистицирана и професионална, Кулишевска е синоним за врвен модел која секогаш успева посветено да работи како интернационален модел и воедно одличен студент по молекуларна биологија. Од Септември почнува новата сезона за Џоја и веруваме следува некоја докажана модна дестинација", велат од нејзината матична агенција Моделс Ин.