Македонскиот модел Татјана Јанушевa позираше во Прада, Гучи, Меквин за италијанскиот магазин „Collector“

9 декември 2022

Нашиот интернационален модел Татјана Јанушева продолжува со успешните кампањи од нејзиниот последен престој во Милано.

 

„Неодамна беа објавени фотографиите за модниот магазин Collector. Токму за ова престижно модно списание Јанушева ги претстави новите колекции на модните гиганти како Prada , Gucci , Sportmax и Alexander McQueen стилизирани од тамошниот тим. Нашата Татјана неодамна направи сериозен пробив во светскиот моделинг со последната кампања за брендот Miss Sixty. Кариерата на интернационален моделинг ја започна во соработка со JS' Management од Белград под водство на фантастичната Јелена Ивановиќ. Тоа беше сосема очекувано бидејќи нејзината убавина и совршените пропорции едноставно се вклопуваа во модните побарувања за интернационални модели“, велат од матичната агенција Моделс Ин Менаџмент.

Јанушева се подготвува во моментов за новата сезона во Милано каде има потпишано договор со една од најдобрите светкки модни агенции - NEXT Model Management.

 

 

 

 

 

Објавено:
9 декември 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
727 пати