Македонскиот топ модел Елена Реи се појави на две насловни страни на познатиот магазин Vulcanize облечена во дизајнерски парчиња кои ја најавуваат пролетта.
Таа веќе долги години работи за некои од најпознатите светски брендови меѓу кои и Дона Каран Њујорк, Дајан вон Фурстенберг и многу други, а она со што последно може да се пофали е тоа што стана заштитно лице на козметичката куќа La Mer.
Откако минатата година напорно работеше во Токио и Њујорк, пред извесно време Елена отпатува за Азија каде ќе престојува до летото.
Токму таму ја очекуваат голем број ангажмани со кои уште еднаш потврдува дека е една од најпознатите македонски манекенки со богато портфолио.
Погледнете како изгледа прекрасната Елена во едиторијалот за Vulcanize и дел од фотографиите за козметичката куќа La Mer.