Бијонсе која неодамна го промовираше својот нов долгоочекуван албум сè уште крева прашина околу себе, но се чини дека нејзината последна објава на нејзиниот Инстаграм профил, со која ги најави претстојните музички спотови (со нејзината песна Pure/Honey свирена во позадина), привлече дополнително внимание, па сега светот полуде по дизајнот на малиот црн фустан што пејачката го носи на reel-от.
View this post on Instagram
Станува збор за сексапилна верзија на класичниот мал црн фустан потпишан од младата успешна албанска дизајнерка Ненси Дојака (28), чии креации ги облекоа ѕвездени имиња, како Бела Хадид, Каја Гербер, Зендаја, Ема Вотсон, Дуа Липа, Емили Ратајковски и многу други познати жени.
View this post on Instagram
Фустанот е дел од нејзината колекција есен/зима 2022 година, а пејачката ја стилизираше со впечатливи црни хулахопки, црни лакирани сандали, Prada очила за сонце, клач чанта и крупни металик обетки.
Минатата година, Ненси Дојака стана добитничка на наградата LVMH.
Своето образование го добила во престижниот Сент Мартинс во Лондон, каде што сега живее и работи. Нејзиниот бренд е препознатлив по секси парчињата облека кои изгледаат како да се скроени за секој тип на тело. Поради комбинацијата на цврсти и проѕирни материјали и стратешки поставените кроеви, изгледаат како совршен спој на долна облека и регуларни парчиња облека.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram