Манго создаде еколошка колекција

21 февруари 2017

Шпанскиот гигант Манго ја продолжува кампањата што ја стартуваше минатата година Take Action за зачувување на еколошката средина, со нова еколошка линија насловена Mango Committed.

Се работи за одржлива колекција, облека наменета за двата пола, создадена од еколошко прифатливи ткаенини, органски и рециклиран памук, рециклиран полиестер, обоени во еколошко прифатливи, неутрални бои.

Со оваа колекција Манго сериозно се посветува на одржливата мода која е веќе тренд во глобалниот моден бизнис, со цел да се подигне еколошката свест кај потрошувачите, но и кај произведувачите.

 

 

Објавено:
21 февруари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
659 пати