Марио Тестино ја преточи фотографијата во дизајн
•
10 јуни 2013
Познатиот фотограф Марио Тестино креираше колекција од модни аксесоари и маички инспирирани од неговите фотографии направени за време на престојот во Перу. Колекцијата беше лансирана неодамна и во неа преовладуваат мотивите од планите во Перу, каде Тестино престојуваше пет години. Колекцијата го носи името „Alta Moda“, а беше презентирана заедно со накитот на Вики Беамон. Дваесет проценти од продажбата на маичките и чантите ќе бидат донирани во организацијта МАТЕ која е основана токму од Тестино.