Марк Брашер го напушти Хуго Бос

4 јуни 2014

„Марк Брашер, извршниот директор на Хуго Бос во Америка, реши да ја напушти компанијата во потрага по нови можности. Тој даде значаен придонес во развојот на компанијата последните речиси шест години. Менаџерскиот тим на компанијата сака да му се заблагодари за неговиот придонес и му посакува среќа на професионален и приватен план“ – стои во официјалното соопштение на компанијата.

Додека не се постави нов извршен директор, функцијата ќе ја извршува Клаус Дитрих Ларс. Брашер започна со работа во Хуго Бос откако даде оставка во Нордстром, каде работеше цели 22 години, а кариерата ја започна во Macy’s West.

Објавено:
4 јуни 2014
Категорија: 
Актуел