Марк Џејкобс последниот ангажман за Луј Витон го посвети на своите музи
•
19 декември 2013
Кетрин Денев, Софија Копола, Жизел Бундшен, Иди Кембел, Фан Бингбинг и Каролина де Мегре, се музите на славниот дизајнер Марк Џејкобс, кои позираа за најновата рекламна кампања за чанти за пролет-лето 2014, која всушност е финалниот ангажман на Џејкобс за францустака модна куќа Луј Витон.
Главен фотограф за едиторијалот е Стивен Меисел, пред чиј објектив славните дами позираа со најновите модели на чанти Noe. Кампањата ја следи истата траекторија како и завршната ревија на писта од Џејкобс, од која тој се сеќава на својот најпознат сет дизајни од неговиот мандат на чело на Витон.