„Marks&Spencer“ ги затвораат продавниците ширум светот

9 ноември 2016

Компанијата „Marks&Spencer Group“ соопшти вчера дека планира да затвори 53 интернационални продавници на брендот „Marks&Spencer“.

Статистиката од октомври покажува значителен пад (од дури 6.84 милијарди долари) на профитот на брендот со линии за облека и домот, што било причина да промени во компанијата.

Затворањето на продавниците на 10 интернационални пазари во следните 12 месеци  ќе чини од 180 до 250 милиони долари.

„Marks&Spencer“ ќе ги затвори 10 продавници во Кина, седум во Франција, како и сите продавници во Белгија, Есторија, Унгарија, Литванија, Холандија, Полска, Романија и Словачка.

Единствено ќе останат 30 продавници во Британија, што значи дека комплетно ќе се насочат на британскиот пазар. Планот за следните пет години е да ја подобрат продуктивноста.

-Целта е да се создаде поедноставен бизнис. Очигледно е изминатиов период се соочивме со притисоци, но се надеваме на подобри избори, подобро производство и нашата намера е да не ги надминеме финасиските трошоци и потрошувачите да не почувствуваат ништо, особено за Нова година – вели директорот Стив Роу.

Објавено:
9 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.075 пати