Младата музичарка Били Ајлиш (19) која сме навикнале да ја гледаме најчесто во темни и широки комбинации, осамна на новата, јунска насловна страна на британското издание на „Вог“ со сосема нов имиџ - како секси блондинка.
View this post on Instagram
Таа ексклузивно за магазинот ги покажа своите облини и се согласи да биде дел од едиторијал кој го става нејзиниот сексапил во преден план.
Во придружното интервју за познатиот магазин, признава дека додека растела телото го перципирала како нејзина голема слабост, како најголем извор на несигурност.
Нејзината одлука да се појави во вакво издание во „Вог“ е да упати порака до сите што можеби ја поминале нејзината борба. Вели денес го сака своето тело, се чувствува самоуверено и тоа сака јавно да го сподели. Воедно, посочува дека никој никому не треба да суди во изборот дали сака да се разголи или не.
View this post on Instagram
„Покажувањето на вашето тело и покажувањето на кожата – или не – не треба да ви одзема никаква почит. Сè се сведува на тоа што ве прави да се чувствувате добро“, вели Ајлиш, реченица која е посочена и како наслов на интервјуто.
Дека „Вог“ и Ајлиш предизвикаа медиумски земјотрес, говори и фактот дека насловната фотогргафија на магазинот за една минута собра повеќе од 10 милиони лајкови, со што постави рекорд на наголем број лајкови за така краток временски интервал. Покрај тоа, фотографијата влезе и во десетте најлајкувани фотографии во историјата на Инстаграм.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Како ви се допаѓа новата Били Ајлиш?