Мег Рајан како Џокер

22 јуни 2016

Во 90 - тите години, во екот на нејзините најголеми филмски хитови меѓу кои и „You’ve Got Mail“ со Том Хенкс и „When a Man Loves a Woman” со Енди Гарсиа, Мег Рајан го носеше приматот на убава девојка од соседството. 

Како што минуваа годините, за време на нејзината кариера, постепено почнаа да се забележуваат промени на нејзиното лице, но таа упорно одбиваше да коментира за тоа и најчесто негираше дека има направено некаква корекција. 

На последните „Тони награди“, никој не ја препозна слатката добра Мег. Нејзината појава предизвика шок и неверување кај сите нејзини обожаватели. 

Насмеана на сцената, критичарите беа во неверување дека може да се случи некој до толку да нема контрола врз пластичните операции. 

Некои одеа дури дотаму, па рекоа дека нејзината насмевка неверојатно потсетува на ликот Џокер од Бетмен, одигран од Џек Николсон и Хит Леџер. 

„Најверојатно Мег Рајан и Мадона имаат ист пластичен хирург“, коментираа некои од новинарите. 

На сето ова Мег Рајан ќе изјави дека коментарите за нејзиниот изглед се само пет минутна забава за народот. Вели дека си ги сака годините и нејзиниот живот, како и тоа во каква личност се развила низ сиве овие години .

Секој има право на одлуките во однос на својот живот, но од друга страна кога одите да се разубавите секогаш ве прашува докторот до каде сакате да одите и колку сакате да ви вбризгаат ботокс или хијалуронска киселина. Кога станува збор за актерството, мора да се внимава многу, оти од таа експресија на лицето, зависи и ангажманот во театар или на филм.

Никол Кидман се соочи со одбивање од страна на режисерите кои јавно изјавија дека нема да ја ангажираат и покрај нејзиниот неспорен талент, токму поради претерувањето во однос на пластичната хирургија.

Дали ќе се подмладувате или не, изборот е ваш и секако, внимавајте кому ќе му се препуштите да си „игра“ со вашето лице.

Објавено:
22 јуни 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.122 пати