Меган Маркл носи фустан од 1.800 денари од H&M

18 јануари 2019

Уште од почетокот на бременоста сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, ги освои симпатиите на јавноста со нејзиниот неверојатен стил по кој беше позната и претходно.

Во последно време таа одбира навистина фантастични и впечатливи фустани, а на последниот настан на кој се појави сама, носеше шармантен фустан – џемпер од линијата за мајки на high street брендот H&M што чини околу 1.800 денари.

На настанот во организацијата Mayhew чија главна цел е заштита на животните, војвотката од Сасекс ги изненади сите со изборот на брендот, бидејќи сме навикнати да ја гледаме во претежно дизајнерски работи.

Evening Standard

Нежниот фустан таа го надополни со високи потпетици од Маноло Бланик, капут во слична боја од колекцијата на Армани и секако, беспрекорна шминка и фризура.

Комбинацијата на Меган повторно наиде на позитивни коментари кај модните критичари, а нејзините обожаватели беа воодушевени од изборот на фустан, бидејќи истиот е достапен за сите трудници по пристапна цена.

Како ви се допаѓа ова издание на Меган Маркл?

Инфо и фото: Modamo.info

Објавено:
18 јануари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.602 пати