Откако пред само две недели нејзините пријателки ѝ организираа забава за бебето во Њујорк, бремената војвотка Меган Маркл замина на турнеја во Мароко заедно со нејзиниот сопруг, принцот Хари.

Како и секогаш, и за оваа турнеја таа подготви стилски комбинации составени од соодветни парчиња со кои секогаш сака да оддаде почит на културата во земјата каде престојува.

Daily Mail

Од моментот кога таа се појави во Казабланка во саботата вечер во црвен Валентино фустан, ниту еднаш не разочара со изборот на парчиња.

tim_rooke_shutterstock.jpg

За свечениот настан и пречек во Британската амбасада таа одбра долг свилен фустан од Диор со златни и сребрени детали, а истиот совршено соодветствуваше со тамошната култура и парчињата што жените ги преферираат.

Daily Mail

Војвотката изгледаше лежерно во црни фармерки и блузичка на пруги во комбинација со зелена јакна на прошетката и дружбата со локалните жители на Рабат.

Getty Images

За посетата на андалузиските градини, Меган се одлучи за шик пролетен плисиран фустан во комбинација со елегантно бело палто и црни високи потпетици од Маноло Бланик.

Daily Mail

Таа воодушеви на последниот ден од посетата на Мароко во сино – бел раскошен фустан од колекцијата на Каролина Херера во комбинација со Диор чантичка и елегантна фризура, а како и секогаш, изгледаше навистина шармантно.

Daily Mail

Во галеријата погледнете ги сите фотографии од одличните пролетни комбинации што Меган ги направи во Мароко.

Објавено:
26 февруари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.310 пати