Војвотката од Сасекс, Меган Маркл заедно со принцот Хари, вчера присуствуваа на самитот „One Young World" во Манчестер, каде се сретнаа со млади лидери од различни страни на светот.
За приликата, Маркл се појави во елегантна дводелна комбинација и прикажа како може и црвената боја да биде соодветна за деловен изглед, доколку соодветно се искомбинира.
Комбинацијата што ја потпишува одржливиот бренд Another Tomorrow, се состои од кошула во комбинација со тенок шал и панталони со висок струк, сите во иста нијанса на црвена боја.
Маркл се вбројува меѓу најдобро облечените жени од нејзината генерација, особено кога се работи за деловен изглед, честопати со својот избор е вистински пример за дамите од бизнис светот.
Инаку неодамна, таа ја разбранува јавноста со ново интервју за магазинот „The Cut" каде посочи дека ѝ е мило што ја напуштиле Британија, што во контекст на целото интервју се протолкува како повторен напад кон кралското семејство.