Откако врската со принцот Хари стана официјална, актерката Меган Маркл не престанува да биде во фокусот на вниманието.
Нашето овој пат го привлече бидејќи носи креација на познатиот австралиски дизајнер со македонско потекло, Тони Матичевски. Се работи за бело здолниште од колекцијата пролет 2016 година, а во кое се појавува на насловната страна на декемвриското издание на францускиот „Ел“.
Она што го привлече вниманието на странските медиуми пак, е тоа што на фотографијата пегите на лицето на Меган воопшто ги нема. Актерката претходно за магазинот „Алур“, изјави како медиумите често ја избелуваат, што и пречи бидејќи таа не се срами од своето афроамериканско потекло.
Уште поинтересно е што фотографијата од насловната, како и дел од оние внатре се од едиторијал направен со Меган, првично објавен во 2015 година за „Gritty Pretty Magazine“, а потоа дел се искористени и за јунското издание на мексиканскиот „Венити Фер“ .
Со оглед на тоа дека Франција донесе закон против фотошопирање на фотографии, овој чекор на „Ел“ се покажа како не многу добар.
На приказната на Меган за „Алур“ ве потсетуваме ТУКА.
А во продолжение погледнете ги останатите фотографии:
фото извор: awake-smile.blogspot.mk; hawtcelebs.com;