Во мега интервју за новото издание на магазинот „The Cut", војвотката од Сасекс, Меган Маркл зборува на различни теми од нејзиниот живот, а како дел од нејзината промотивна стратегија за нејзиниот нов подкаст „Archetypes" на Spotify кој старуваше минатата недела.
Но, колку и да гравитира разговорот околу различни теми, јавноста сѐ уште најмногу ја интересира за релацијата на Меган и принцот Хари со британското кралско семејство.
Во тој контекст, таа во разговорот потенцира дека им е мило што ја напуштиле Велика Британија, што во многу медиуми беше пренесено дека е директен напад на кралското семејство.
„Со самиот факт што постоевме, ја нарушивме динамиката на хиерархијата, затоа рековме во ред, добро да си одиме одовде. Ни беше мило", вели Маркл.
Понатаму во разговорот кажува дека навистина е важно да се прости.
„Верувам дека простувањето е навистина важно. Потребно е многу енергија за да опростите", вели Маркл алудирајќи и на нејзиното и на британското семејство.
Во интервјуто зборува и за тоа како немале никаква контрола врз објавување на семејните фотографии во јавност и дека наспроти тоа, сега конечно ја имаат таа можност и дека е во план да се врати на Инстаграм.
Интервјуто е проследено со фотосесија на која Маркл е стилизирана во елегантни комбинации потпишани од Шанел, Проенза Скулер, Ботега Венета и Тори Бурч.
Целото интервју читајте го на The Cut.