Меган Маркл во стилот на „Pretty woman“

25 мај 2022

Колку изврши влијание стилот на Џулија Робертс како Вивијан во „Pretty woman" (1990), се гледа и во последните написи за стајлингот на Меган Маркл со кој го предизвика вниманието на јавноста откако викендов присуствуваше на поло натправар на кој му даде поддршка на тимот на нејзиниот сопруг, принцот Хари.

Имено, Меган на спортскиот настан се појави во елегантно издание со кошула со точки, широки бермуди со висок струк и елегантна шапка – изглед што многумина го протолкуваа како реинтерпретација на естетиката од филмот „Pretty woman".

И независно дали намерата на Меган била таа, впечатокот е дека изгледа прекрасно.

Дури оваа комбинација може да ви послужи како пример, како и на високите летни температури да не „трпи" елеганцијата во вашиот имиџ.

Широки бермуди со висок струк + кошула исработена од лесен материјал + сламена шапка, звучи како формула за елегантна летна „униформа".

Објавено:
25 мај 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
928 пати