За нејзиното прво официјално појавување новата прва дама на САД, Меланија Трамп вистински блесна во совршен фустан на либанската дизајнерка Рим Акра.
Како и секогаш, дизајнерката создаде навистина прекрасен фустан кој навидум со едноставен крој, на првата дама изгледаше навистина фантастично.
Истиот беше во боја на кожата со умерена доза светки и одлично и прилегаше на сопругата на Трамп, која се одлучи за впечатлива шминка и елегантна фризура.
Нејзиниот сопруг или новиот претседател на САД чија официјална инаугурација се очекува да се случи денеска, се одлучи за елегантен црн смокинг и едноставни машки чевли.
Подеднакво елегантни на инаугурациската вечера беа ќерките на Трамп, Иванка во Каролина Херера и Тифани кои се одлучија за претежно бели креации надополнети со впечатливи фризури и накит.
Се чини најголемо внимание на дневните активности на претседателот Трамп предизвика неговата ќерка Иванка која се појави во фантастична зелена креација на Оскар де ла Рента со што ја засени дури и првата дама Меланија која се одлучи за едноставно црно палто и високи потпетици.
Во исчекување на официјалната инаугурација на новиот претседател на САД, погледнете како изгледаше новото прво американско семејство на свеченостите на кои присуствуваа во четвртокот.