Мила Јововиќ заштитно лице во новата кампања на Марела
•
5 септември 2013
За колекцијата есен-зима 2013/14 година на брендот Марела, атрактивната актерка и модел Мила Јововиќ позира во најновите модели на облека и аксесоари каде акцентот најмногу е ставен на чантите кои се во благ рето стил, во пастелни но и сјајни златни нијанси.
Италијанскиот ready-to-wear бренд за рекламната кампања го ангажираше фотографското дуо Инес ван Ламсверде и Винодх Матадин, кои досега неколку пати соработуваа со Марела. Кожните панталони и плетените џемпери се хитот на Марела за претстојнта сезона, а што се однесува на боите преовладуваат, црната, зелената, пурпурната и тиркизот. Во продолжение погледнете ја галеријата и видеото во кое Мила објаснува зошто ги сака моделите на Марела.