Мирослава Дума е жена на годината во Русија

13 ноември 2013

Вчеравечер во московскиот театар за младинци по девети пат беше одржана церемонијата „Жена на годината“.

Наградата што руското издание на магазинот Гламур ја доделува секоја година, овојпат замина во рацете на основачката на модниот портал „Буро 24/7“ Мирослава Дума.

Прекрасната Мирослава наградата ја прими облечена во модерна црвена креација со вез на модната куќа Валентино во комбинација со строго собрана коса и интензивен црвен кармин.

Како и секогаш досега, Мирослава навистина блескаше на сцената на театарот, и уште еднаш докажа дека навистина е една од најмодерните жени во светот.

Објавено:
13 ноември 2013
Категорија: 
Актуел