Со бројните партнери, соработници и пријатели, хрватското издание на Buro 24/7 вчеравечер свечено го прослави третиот роденден.
Како големо изненадување на вечерта беше Мирослава Дума која претходно одржа и предавање на Факултетот за економија и менаџмент.
Свечената прослава се одржа во хотелот Еспланаде во Загреб, каде гостите ги забавуваше Нина Бадриќ на само еден ден пред нејзиниот голем солистички концерт.
Интересно изненадување вечерта беа и шишенцата на водата Јана кои гостите ги добиваа со специјални пораки од самата Мирослава Дума.
Како и секогаш, хрватските девојки покажаа дека навистина имаат посебен вкус со нивните внимателно одбрани комбинации што ги гледате погоре во галеријата.