Дејвид Бекам е доказ дека на некои луѓе, годините ништо не им можат. И покрај тоа што сврте уште еден круг околу Сонцето, поранешниот фудбалер изгледа фантастично.
Бекам го прослави својoт 47. роденден во друштво на сопругата Викторија и своите деца, а тие ја искористија пригодата да му го честитаат роденденот споделувајќи фотографии на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Викторија, која веќе има полни 47години, сподели фотографија од нив двајца, прегрнати, па се пошегува дека веќе ја стигнал со годините.
Освен тоа, таа сподели и фотографија од Дејвид заедно со две големи фигури изработени од балони, кои наликуваат на фудбалерот.
View this post on Instagram
Нивниот најстар син, Бруклин Бекам се присети на времето кога бил мал заедно со татко му, додека Ромео сподели фотографија со својот татко како пеат, снимена на плажа неодамна на роденденот на Викторија.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Круз му го честиташе роденденот на Дејвид со селфи од нив двајца, а во име на 9-годишната Харпер, Викторија сподели фотографија од Дејвид и неговата единствена ќерка.
View this post on Instagram