Празничниот амбиент зачинет со малку модна магија има многу поинаква димензија. Всушност, празниците се убав повод за модна храброст и време кога може да си дозволиме малку повеќе сјај со кој ќе излеземе од комфорната зона на секојдневието. И ако тоа ви причинува задоволство, тогаш не двоумете се да блескате.
Ако барате мотив и пример што ќе ве охрабрат да посегнете по своето блескаво, празнично издание, инспирација ќе пронајдете во гламурозните модни изданија на неколку наши познати дами стилизирани во свечени тоалети од актуелните свечени линии на ЕЛЕНА ЛУКА.
Сето она што подразбира уникатна мода во празничен дух е присутно, „спакувано" во луксузни дизајнерски парчиња со различна естетика, од деликатни до елегантни кроеви, прилагодени на личниот стил и карактерот на дамата што го носи.
Бојана Скендеровски, Вера Мештеровиќ, Лила, Ирена Спировска, Сузана Спасовска и Силви Плевнеш, се меѓу дамите кои на овие празници им дадоа посебен сјај и магија, со потпис на ЕЛЕНА ЛУКА.
Инспирирајте се.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram