На 14-ти февруари под насловот „The Bridal Fashion Night“, Моден викенд Скопје ќе го направи специјален денот на љубовта и виното за сите идни невести, со тоа што за прв пат организираат модни ревии за венчаници.
Вечерта ќе биде исполнета со модни претставувања за сите дами кои се подготвуваат за најпосебниот ден во животот. Идните сопруги што се уште не се сигурни околу својот избор или веќе го имаат замислено својот идеален венчален фустан, ќе можат да го пронајдат во најновите модели на македонските дизајнери и реномирани бутици за венчаници : Студио Ziane, MCouture by Mila Kadriu, Al Aparel, Emili Exclusive Design, Ателје Zana и Бутикот за венчаници Bianka. Освен големиот избор на невестински фустани, на модната писта ќе можат да се видат и вечерни тоалети.Креациите ќе ги носат манекенките од модната агенција „Подиум“, додека мејкап и бјути партнер на настанот се Cosmo во соработка со „FreshMinerals“. Инаку, настанот е со почеток во 19 часот во Музејот на македонската борба за самостојност и државност.