Познатата двојка Хејли и Џастин Бибер вчера имаа средба со францускиот претседател и првата дама, Емануел и Брижит Макрон. Многумина беа изненадени од фотографиите кои се појавија, коментирајќи за тоа што би можел Бибер да зборува со Макрон, додека пак други најдоа логика во тоа што 21 јуни во Франција е Ден на музиката.
View this post on Instagram
Но, како пренесуваат француските медиуми, средбата се случила на барање на музичарот, кој сакал со Макрон да дискутира околу проблемите кои ги засегаат младите луѓе.
А голем дел од публиката гледа проблем и во нивниот моден избор.
Имено, Хејли се појави во смел беж фустан. Креацијата е на LaQuan Smith. Иако здолништето е со миди должина (според коментарите единственото што е во склад со пригодата), горниот дел е прилично откриен - грбот е гол, а делот кај градите е со две преклопени ленти, додека пак делот од под градите до стомакот е повторно откриен - избор кој многумина го сметаат и го коментираат за непримерен и премногу провокативен.
Од друга страна, Џастин одбра одело на риги кое го искомбинира со кошула во ист таков дезен и патики. Со оглед на тоа дека патиките се спортски, а кошулата ја носи раскопчана, повторно се поведоа дискусии дали двојката смеела да покаже ваква модна смелост или пак овој нивни избор може да се толкува како непознавање и непочитување на протоколите.
Брижит Макрон ги пречека во елегантен бел фустан и соодветен мантил во истата нијанса, додека салонките беа во кафена нијанса, додека изборот на претседателот беше класично сиво одело со класични обувки.
За споредба, во 2017 година, Ријана имаше средба со претседателската двојка. Таа тогаш се одлучи за сиви панталони и долга сива кошула и oversized палто, односно на официјалната средба со Емануел Макрон носеше карирано одело со дворедно закопчување.
„Вог“ го одобри појавувањето на двојката Бибер, посочувајќи дека нивниот избор е спој на францускиот стил и оној својствен на Лос Анџелес и дека на вистински начин модно ја претставиле индивидуалноста, но и својата држава. Но, најголем број од читателите не се согласија и му порачаа на „Вог“ да почне навистина реално и модно да ги анализира работите и да почнува навистина да пишува за мода, а не за политика и омилени ѕвезди.