Модната куќа Елена Лука ја продолжува својата модна бајка во Виена!

4 април 2014

viena-01

По успешното претставување на светски познатиот настан “Bridal Thing” во Виена, пред само еден месец, овој македонски моден бренд, ќе учествува на етаблираниот-хуманитарен виенски бал “Dancer Against Cancer”.

На 5-ти април, во палатата“Hofburg”, во друштво на австриски еминентни личности од секој профил, Елена Лука, на настанот на кој присуствуваат над 3000 луѓе, ќе донира луксузна креација. Ова за Елена Лука ќе биде претставување на својата уникатна слика кон светот, во колевката на модерната европската култура. Програмата на балот, има ревијален и забавен карактер, според виенско-балската традиција.

elena-luka-viena

Објавено:
4 април 2014
Категорија: 
Актуел