Еден женски затвор во Израел, во кој има повеќе од 200 жени на возраст од 18 до 70 години се претвори во модна писта, а се' со цел да се реализира програмата за рехабилитација. На тој начин се поддржуваат вештините кои затвореничките можат да ги искористат откако ќе излезат од затвор, но придонесуваат и за враќањето на самодовербата после времето поминато во затвор.
-Целта е на затвореничките да им се даде опција за создавање на нешто ново, за да се вклопат подобро во општеството - изјави управникот на израелската школа за дизајне и Студио 6В, Ианив Шварц.
Заедно со студентите од споментото студио, жените од затворот креираа колекции инспирирани од британската војка и верските симболи во Индија. Облеката е украсена со цвеќе, животински принтови, геометриски облици... Исто така, жените се учеа како да шминкаат и да прават фризури, што го применија врз моделите и ги ускладија со креациите.
Моделите прошетаа по црвениот килим пред бодликавата жица и зад големите ѕдови.
-Сакаме да го искористиме нивното време во оваа установа на конструктивен начин, за после излегувањето да имаат избор и можност да се занимаваат со нешто корисно - изјави потпаролот на затворот, Никол Ингландер.
Таа додаде дека имаат затвореничка што студирала дизајн на облека, па во затворот го продолжила образованието.