Неделава модната сфера беше сведок на едно од најочекуваните ревии за Париската машка модна недела: пролет/лето 2023 година - првата колекција целосно произведена од студиото Луј Витон по смртта на Вирџил Абло.
За време на ревијата, во публиката можеа да се забележат големи ѕвездени имиња, како Наоми Кембел, Кендрик Ламар и Ела Емхоф, но сепак се чини дека најголемо внимаиние привлекоа Џастин Тимберлејк и Џесика Бил, кои беа облечени во Луј Витон од глава до петици.
Покрај нивната блескава појава на последната модна недела во Париз, парот, родители на две деца, Силас и Финес, беше забележан во првиот ред на уште неколку модни ревии.
На ревијата на Диор што се одржа во Вал де Грејс, двојката остави силен впечаток со соодветни кмбинации во варијации на беж и бела боја. Џесика Бил се појави беспрекорна бела кошула и карго панталони со војнички акценти, додека пак Џастин Тимберлејк носеше широка каки јакна преку шарена кошула и широки беж панталони.
За време на шоуто на Кензо пак, Џесика воодушеви со комбинацијата на карирани пантолони и сако под кое ѕиркаше црн градник, додека пак Џастин се одлучи за јакна со испечатено лого.