Модните уредници го губат влијанието?!

12 февруари 2014

FASHION WORLD

Експанзијата на Интернетот како нов медиум, донесе промени и во светот на модата. Така, блоговите и социјалните мрежи собираат голем број фанови и популарност, па денес, од едно парче облека, може да се направи линија, па и бренд.

Оваа т.н револуција се забележува и на актуелната модна недела во Њујорк, а Лубов Азриа, главниот дизајнер на куќата BCBG Max Azria вели дека присуството на гостите на модните ревии е важно признание за дизајнерите, но дека Твитерот и блоговите го преземаат водството над модните магазини.

Како резултат на развојот на Интернетот и модната куќа BCBG чувствува промени:

„Мислам дека развојот на овој медиум ни донесе нова, помлада публика, која можеби никогаш претходно не слушнала за некој бренд, со што се шири свеста и знаењето на луѓето“, вели дизајнерката.

Таа потсети дека сите модни куќи имаат свои сајтови, Твитер и Фејсбук профили, а многу од парчињата се достапни и преку онлајн купување. Исто така, постои и голем број емисии што се емитуваат во живо, со што се привлекува публика ширум планетата.

polyvore-marketing

„Некогаш беше важно уредниците да се појават, без оглед дали колекцијата им се допаѓа или не, но нивното присуство е она што на сите им било важно“, изјави Азриа и додаде дека сега, со развојот на социјалните мрежи, гласот се шири. „Сега постои начин сите да ги изразат своите чувства и тоа е нешто неверојатно“, смета таа.

Еден од примерите е дизајнерот Марк Џејкобс, кој даде оставка од Луј Витон, сакајќи да се посвети на градење на свој бренд. Така, Марк на одличен начин ги искористи добрата што ги нуди новото време, па во текот на актуелната модна недела во ЊУјорк, сите љубители на неговата работа можат да „купат“ прафем токму со помош на твитови, кои го содржат хаштагот #MJDaisyChain. Колку пораките се покреативни, наградите се поголеми, а на крјаот на неделата, победникот ќе добие и чанта од дизајнерот.

Томи Хилфигер одлучи по пат на Инстаграм да ги повика гостите на неговата ревија во Њујорк, но и ги известуваа медиумите за нивниот распоред.

Во чекор со новото време, се повеќе се важни мислењата и лајковите на социјалните мрежи, отколку тоа кој се присуствувал на вашата ревија.

Објавено:
12 февруари 2014
Категорија: 
Актуел