Музички блуз легенди во кампања на Сен Лоран

17 септември 2013

ББ Кинг, Чак Бери и Џери Ли Луис можеби не се првите луѓе  кои ви доаѓаат на памет кога се мисли на машки модели, но тие се новите ѕвезди на музичко рекламната кампања на Сен Лоран. Хеди Слиман креираше костуми за секој од нив, а летово што измина тој патуваше заедно музичарите по турнеи и ги фотографираше. Кинг е фотографиран во Лас Вегас каде носи класичен смокинг како и останатите негови колеги кои се фотографирани во Сент Луис и Несбит.

Ова не е прва соработка на Слиман со музички ѕвезди тој досега соработуваше и со Кортни Лов, Мерлин Менсон и Дафт Панк. Но работата со овие три живи легенди покажува дека блузот кај Слиман има големо влијание. Останува да почекаме за да видиме дали во наредното шоу на Сен Лоран блуз музиката повторно ќе има дел. Засега погледнете ги фотографиите на Слиман од овие големи блуз легенди.

Чак Бери Чак Бери

ББ Кинг ББ Кинг

Џери Ли Луис Џери Ли Луис

 

 

 

Објавено:
17 септември 2013
Категорија: 
Актуел