На кого дизајнерката Лорен Скот му го остави богатството?

27 март 2014

Братот на трагично починатата дизајнерка Лорен Скот, Рендал Бамброу во изјава за Daily News открива дека е отворен тестаментот на неговата сестра,  која богатството го препишува на два дела. Еден помал за нејзиното семејство и најголемиот дел му го остава на нејзиното момче, пејачот Мик Џегер. Вкупното богатство на Лорен изнесува 9 милиони долари од кои еден милион чини нејзината гардероба и накит, а пак луксузниот апартман на Менхетен чини неверојатни осум милиони долари.

-Таа беше кремирана, а пепелот од нејзе ќе го чувам во мојот дом во Јута, додека дел ќе биде погребан до гробот на нашите родители исто така во Јута, изјавува братот на дизајнерката.

Тој открива и дека дел од пепелта му дал и на Џегер, но не знае што точно пејачот планира да прави со неа.

-Двајцата со Џегер беа како вистинско семејство, само тоа можам да го кажам, вели Рендал кој во месец ноември беше назначен за директор на брендот на Лорен.

Според изјавата во тестаментот, 49 годишната дизајнерка сите лични работи како накит, облека, автомобили и разни предмети од личен карактер, му ги остава на братот, додека се останато таа му препиша на нејзиниот сакан Џегер.

Инаку, Лорен Скот беше пронајдена мртва на 17-ти март во нејзиниот стан обесена на марама. Лорен и Мик Џегер беа во врска цели 13 години.

Објавено:
27 март 2014
Категорија: 
Актуел