„Дизни“ ја презентираше својата празнична реклама, ставајќи ја љубовта на врвот!
Приказната е со Никол, внуката од минатогодишната реклама, која сега има свое семејство и со нив создава нови празнични традиции.
Таа има две деца Макс и Ела, но нивниот татко е починат. Во семејството доаѓа нивниот очув Мајк, кој се обидува да им го овозможи најдоброто и да биде најдобрата верзија на себе.
Сепак, тие имаат еден скапоцен предмет од нивниот татко - книга со магични приказни, со кој даваат до знаење дека се' уште не се подготвени да му дадат место на Мајк во своето срце.
Како ќе успеат да се поврзат, погледнете во продолжение:
Овогодинешната приказна ја следи Никол, внуката од минатогодишната реклама, која сега е целата порасна со семејство за да прави божиќни традиции. Ние ги следиме неа и нејзините две преслатки деца, Макс и Ела, додека нивниот нов очув Мајк се преселува во нивниот семеен дом.
Инаку, како и секоја година, „Дизни“ ѝ овој пат ќе донира повеќе од 2 милиони доларир на мрежата „Make-A-Wish International“, за исполнување желби на деца со ретки и тешки болести. Воедно, песната Love runs Deeper е достапна за преземање до 31 декември, а 100% од приходите од малопродажната цена исто така ќе бидат донирани во споменатото здужение.
Инаку песната „Love runs Deeper“, која веќе ја освои публиката ја изведува Грегори Портер.