За време на Модната недела во Париз, улиците се вообичаено исполнети со инфлуенсери, блогери и останати љубители на модата, па она што се случува на улиците е подеднакво важно како и она што се случува на ревиите.
Париз, како модна престолнина која со децении си ја носи титулата, оваа година беше исполнет со стилски комбинации - комбинирање на повеќе слоеви, употреба на вештачка кожа, смели принтови, по некоја пастелна боја да ги разбие монохроматските комбинации, враќање на ѕвонарките, на модата од 90-те. За разлика од уличната мода во Милано, ова е за нијанса подобро, иако голем дел од изгледаат доста бледо и несреќно во целокупниот изглед.
Секоја чест на исклучоците, кои се погрижиле комбинациите да одговараат на нивната фигура, трендовите да бидат застапени, но сиот изглед да делува богато и целосно.