Во модниот свет главна вест деновиве е свршувачката на ќерката на Ана Винтур, Би Шефер и синот на неодамна починатата уредничка на италијанскиот Вог Франка Соѕани, Франческо Кароцини.
Со оглед на тоа дека нивните мајки, со години главни уреднички на американското односно италијанското издание на Вог, важат за култни ликови во современата модна историја, со сигурност оваа свадба ќе биде една од најпопуларните во модниот свет воопшто.
Како што пишува магазинот People, младиот пар се свршил по кратката љубовна врска што ја започнале минатата година. Иако Ана Винтур важи за една од највлијателните личности во модната индустрија, а Франка Соѕани исто така беше една од водечките личности што ги диктираа модните текови, сепак нивните деца професионално не се директно инволвирани во модниот свет. Би работи како продуцент на забавни емисии, додека Франческо е посветен на фотографирањето и режијата. Едно од неговите најпопуларни музички видеа е она за песната „Jealous" на Бијонсе.
Датумот за нивната свадба се уште не е најавен, но си сигурност ова ќе биде церемонија која ќе го собере кремот на модниот свет.