Најскапиот фустан за сезонава чини колку евра!?

26 март 2014

Фустанот во пастелна боја на Марк Џејкобс од неговата последна колекција е прогласен за најскапиот фустан за оваа сезона.

Истиот бил изработен во специјална швајцарска фабрика за везови. Секој цвет на него бил направен од органза и рачно наполнет со повеќе од три метри специјален конец за везење.

Студиото на Марк Џејкобс платило вкупно осум илјади евра за едно метро материјал направен во фабриката.

За да се направи истиот, тројца луѓе од фабриката работеле деноноќно цела недела.

Со ваква репутација, повеќе од очекувано е дека фустанот го има во лимитирани колични само за ѕвезди и фотосесии за магазини, а потоа, на крај на сезоната, ќе биде повлечен во архивите на Џејкобс.

Исто така, за сите заинтересирани, овој фустан на одличниот Марк Џејкобс можно е да се направи и по специјална нарачка по цена од „само“ 20.000 евра!

Објавено:
26 март 2014
Категорија: 
Актуел