Доха вчеравечер беше местото каде се собра модната елита да го прослави „Љубовниот бал“ на кој ѕвезда и домаќин на вечерта беше прекрасната 63 годишна Иман Боуви.

На балот таа пристигна во впечатлива и раскошна црвена креација со здолниште со карнери и сличен горен дел составен од транспарентна наметка украсена со набори во иста нијанса.

 

Прекрасна во црвен фустан со ремен на половината беше и шармантната Наталија Водјанова која на настанот пристигна со нејзиниот сопруг Антоан Арно.

Вистински бум на црвениот килим направија познатите модели меѓу кои и Џордан Дан, Изабел Гулар, Синди Бруна, Алесандра Амброзио, кои се појавија во супер стилски дизајнерски креации.

На црвениот килим блесна и познатата модна инфлуенсерка Оливија Палермо која овојпат се појави во малку поразлична креација од оние во кои навикнавме да ја гледаме.

За пригодата таа одбра комбинација составена од портокалови панталони со висок струк и кошула во иста нијанса која во задниот дел продолжуваше во долга и раскошна опашка.

Меѓу познатите кои се појавија во Доха беа и дизајнерката Дајан вон Фурстенберг која изгледаше одлично во црно – бел фустан и Карин Ројтфилд која одбра целосно црна креација украсена со кусо палто и ракавици.

Инаку, сите средства од хуманитарниот бал во Доха ќе бидат наменети за организации ширум светот кои се грижат за менталното и физичко здравје на децата. Според информациите, на вчерашниот бал биле собрани повеќе од седум милиони долари.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
30 март 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
451 пати