Вообичаено е овој период од годината, да се сумираат впечатоците од случувањата преку целата година и да се резимираат оние кои во одреден сегмент биле најзабележителни.
Модната 2015 година, донесе многу интригантни насловни страни, впечатливи појавувања на црвениот килим, интересни соработки, моќни колекции... Во продолжение правиме пресек на дел од оние модни моменти што магазинот Vogue ги одбра како највпечатливи за годината што изминува.
Брус Џенер порача: Отсега викајте ме Кејтлин Џенер!
Александар Ванг во неговата последна колекција за Баленсијага ангажираше познати актерки како манекенки
Шарлиз Терон изгледаше фантастично на црвениот килим во Диор и Валентино за премиерите на филмскиот мега хит Mad Max: Fury Road
Видеото за Bad blood на Тејлор Свифт ги обедини најактуелните топ модели
Ријана лансираше своја агенција за убавина Fr8me