Наоми Кемпбел во преговори за дизајнирање на модна линија

26 јуни 2014

Изгледа дека трендот на познати модели, актери и музичари кои остваруваат соработки со модни брендови продолжува. Покрај Кејт Мос, сега и нејзината колешка Наоми Кемпбел се подготвува за својата прва модна линија. Во изјава за Mail Online, Кемпбел кажала дека има понуди од различни брендови и дека моментално е во преговори за тоа кој ќе и понуди најдобри услови.

Иако е блиска пријателка со големи дизајнерски имиња како Доменико Долче и Стефано Габана, Роберто Кавали и Азедин Алаја, сепак не се знае дали соработката ќе биде со модна куќа или пак со моден бренд, како што е соработката на Кејт Мос со Топшоп. За време на Фестивалот Вог, Наоми и самата призна дека одамна сакала да ја издигне својата креативност на повисоко ниво, со лансирање на дизајнерска линија, но се плашела дека со конкурентноста би можела да ги загрози долгогодишните пријателства.

 

Но, сега ситуацијата е променета.

„ Се чувствувам доволно созреано за да лансирам модна линија која ќе биде за сите жени, а не само за црномурестите.  Според мене многу работи недостасуваат во однос на колекциите, а јас би сакала тоа да го споделам со сите фанови“, изјавила Наоми. Покрај преговорите, супермоделот треба да промовира три книги и тоа две со издавачот Taschen и една антологија на актови од Паоло Роверси.

Објавено:
26 јуни 2014
Категорија: 
Актуел