Наоми Кемпбел за прв пат на модната писта како дизајнер

11 септември 2023

По 37 години чекорење на модната писта со неверојатна сигурност и уникатен шарм, Наоми Кемпбел реши да се испроба и како моден дизајнер.

Сето искуство и сенс за мода легендарниот супермодели го преточи во колекцијата пролет/лето 2024 наречена PrettyLittleThing x Naomi Campbell.

Линијата вклучува вечерни фустани како и префинети дневни стајлинзи.

Кемпбел, која неодамна го доби своето второ дете, за потребите на колекцијата соработуваше со двајца млади дизајнери Виктор Анете и Едвин Томпсон.

Педесет и три годишната Наоми маестрално го заокружи модното шоу носејќи сопствена креација, долг проѕирен, светкав фустан, којшто им се приклучи на останатите 70 креации.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Dr Naomi Campbell (naomi)

Фото: Getty

Објавено:
11 септември 2023
Категорија: 
Актуел