Нашата манекенка Ивана Манас на модните писти на актуелната Миланска модна недела

26 септември 2023

Нашиот интернационален модел Ивана Манас синоќа чекореше на пистата на модна ревија за познатиот моден дизајнер Philipp Plein, откако работеше на повеќе ревии во склоп на Миланската Модна Недела.
Ова е нејзино прво појавување после две години откако беше заштитно лице на кампањата за двоецот Dolce & Gabbana.

Ивана конечно го направи својот камбек со неколку фантастични ревии на Миланската Модна Недела. Претходно ги изработи ревиите за исто така одличните модни куќи и дизајнери Anna Kiki и Aniye Records.

„Убавата и оригинална Манас е веќе неколку години во интернационалниот моделинг, а својот пробив го имаше кога беше дел од ревиите на Rick Owens и Dolce & Gabbana. Нејзините модни успеси ги доживуваме и како лични наши", велат од нејзината матична агенција Моделс Ин Менаџмент .

Објавено:
26 септември 2023
Категорија: 
Актуел
Тагови: 
Ивана Манас