Нашиот модел 16-годишната Татјана Јанушева од модната агенција „Моделс Ин", е новото лице на насловната страна на престижниот американски моден магазин „Pump".
Со овој проект, наголемо се отвораат вратите за нашиот млад модел на светската модна сцена.
„Ова е голем и значаен успех и за нас како агенција, но особено за Татјана, затоа што ваков едиторијал е од големо значење за нејзиното портфолио", вели Алек Наумовски, нејзиниот матичен агент.
Фотосесијата ја направи фотографката Наташа Настова Панова на Санторини.
Како што велат од модната агенцја „Моделс Ин", покрај големиот број ангажмани за Татјана во нашата земја, ова е нејзина прва насловна страна за светски познат магазин. Таа една година е дел од агенцијата од каде посочуваат дека за неа многу набрзо планираат да ја пласираат во интернацоналнот моден свет.