Наскоро ќе може да купуваме директно од Фејсбук!

20 јули 2015

Ако сте од оние кои се зависни од онлајн купувањето, вашата омилена активност стана уште поинтересна и полесна! 

По Инстаграм и Пинтерест, и социјалната мрежа Фејсбук конечно ја понуди опцијата за директно, онлајн купување. 

Имено, станува збор за опција во облик на копче „buy“ на одредени Фејсбук страници кои секако, ќе сакаат да ја воведат оваа опција на нивните профили. 

Иако засега оваа нова опција сѐ уште е во фаза на тестирање, воопшто не треба да се сомневаме дека многу наскоро ќе биде воведена како сосема нормална и секојдневна опција на многу профили на брендови. 

Со тоа, на производителите ќе им се даде можност директно да ги продаваат своите одбрани производи, а опцијата би требало да биде сместена некаде под полето About и Photos. 

Плаќањето на производите ќе се врши директно преку линк што води до страната на брендот или пак на некој друг начин на кој тимот на социјалната мрежа сѐ уште работи. 

Ова ќе биде уште еден чекор плус за развој на онлајн купувањето, но и голем тест за нашиот паричник!

Објавено:
20 јули 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
349 пати