За љубителите на модата како и реалните шоуа, наскоро на каналот Е ќе почне да се емитува шоу во партнерство со легендарната дизајнерка Дијан вон Фустенберг. Станува збор за проект од кој преку учеството на неколку кандидати ќе се избере најдобриот за позицијата амбасадор на брендот. Сериите ќе вклучуваат моменти зад сцената снимени во Њујорк како од нејзините простории каде модно функционира така и од настани, средби со познати, работа на кампањи и хуманитарни настани. Дијан вон Фустенберг е една од најиновативните дизајнерки и вистинска икона што ги инспирира жените ширум светот. Таа со јавноста ќе ги сподели своите бизнис тајни и талент заедно со учесничките кои целат да научат нешто повеќе од неа и секако да бидат дел од нејзината модна империја.
Фустенберг најмногу е позната по тоа што прва го дизајнираше фустанот на преклоп, а исто така е член на модниот совет на дизајнери на Америка уште од 2006 година.
-Им гарантирам на жените учеснички дека ќе се потрудам да дадам се од себе, но и да бидам селективна во вистинската насока, изјавува дизајнерката.
Шоуто официјално ќе почне да се емитува од стартот на месец ноември на каналот Е.