Инстаграм е платформа со најизразена активност. Затоа, да се направи неделен избор на неколку највпечатливи фотографии и пораки не е секогаш едноставно.
Сепак, ние се потрудивме да го сториме тоа и оваа недела, па во продолжение следи новата неделна доза Инстаграм:
Сите светски медиуми зборуваа за одликувањето на Елен Деџенерис од претседателот Обама и емотивноста со која комичарката ги освоите сите.
Американците вчера го прославуваа Денот на благодарноста и јадеа мисирка, но од National Geografy порачуваат - да не се убиваат птиците!
Есенките чевли до „Бата“ се овонеделниот предлог за „must have“ од нас.
Неделава започна и Skopje Design Week во „Јавна соба“. Ако сè уште не сте го посетиле, сторете го тоа викендов, имате време до 27-ми ноември.
Вака изгледа најпосакуваната чанта од „Клое“ за актуелната сезона.
Има ли некој што не сака пита од јаболка? Ова е нашиот предлог рецепт што мора да го направите и да го споделите со некој што го сакате :)
И во ноември сме романтични и по малку носталгични по летото, бохо стилот. Сепак, кадифето е апсолутен хит, па искористете ги попустите да си набавите некое такво парче.
Предлог стајлинг за претстојната празнична сезона од модната куќа „Елена Лука“ од последната колекција.
Панделките се неизоставен дел од модните комбинации оваа есен. Како вие би ја вклучиле во вашиот изглед?
Тимот на Sweet40+ направи оваа недела да биде убава за една неколку читателки со стил, со убав и тренди подарок!
Леопард чизми оваа есен? Дефинитивно да!
Без разлика на сезоната, подарувањето цвеќе е секогаш ин! Како и нечија насмевка...
Софија Вергара веројатно ја има најдобрата фотографија од познатите за Денот на благодарноста.
Тони Матичевски се пробива на кинескиот пазар.
Фенди упати поздрав од Сингапур, со најава за нови модни приказни, кои ги очекуваме...
На насловната страна на празничното издание на магазинот Vanity Fair е актерката Џенифер Лоренс, која повторно споделува искрена и лична приказна.
Вчеравечер запозна и јубилејното десето издание на BAFE, на кое ќе се претстават и четири млади дизајнерки од Македонија...