Во модната индустрија очигледно никогаш не е доста од „лудости“. Последната таква е несекојдневната соработка помеѓу двата еминентни бренда Версаче и Живанши. Доколку помисливте на нова колекција, веднаш ќе ве разубедиме: главна вест на денот во модниот свет е дека Донатела Версаче е новото заштитно лице на Живанши.
Вчера на својот профил на Инстаграм, креативниот директор на Живанши, Рикардо Тиши објави негова црно-бела фотографија заедно со Донатела, проследена со следниов коментар: Имам неверојатна чест да ви ја претставам мојата нова икона, Донатела Версаче.
Донатела, секако не остана должна на ова ласкање и одговори со нов пост во кој се заблагодарува на Рикардо Тиши познатото фотографско дуо Мерт и Маркус кои ја направија фотографијата.
Во модната индустрија секојдневно сведочиме за различни соработки помеѓу бреднови, дизајнери и модни куќи, иако мора да признаеме дека оваа релација каде еден дизајнер е заштитно лице на друг бренд, и не е така честа.