Албер Елбаз е обожуван како креативен директор во француската модна куќа Ланван, не само поради неговите неверојатни модни шоуа и парчиња што ги создава, туку и поради непроценливата креативност во средувањето на фантастичните излози на продавниците на брендот!
Фасцинантен опус од големите дела на креативниот Елбаз се сместени во одличната книга за брендот со едноставен наслов „Lanvin: I Love You“.
Во истата, сите овожаватели на креативниот директор на брендот и неверојатните дела што тој ги создава, ќе можат да ги видат сите фасцинантни излози од продавниците на брендот ширум светот, но и селекција на одбрани фотографии од изложби во Париз и Мајами.
Книгата содржи и одлични написи за работата на брендот, различни скици и белешки што дизајнерот рачно ги пишувал како инспирација за бројните колекции и парчиња што ги создал.
„Излозите се најдиректниот начин за комуникација со луѓето“, ќе каже Елбаз, појаснувајќи ја неговата потреба истите секогаш да излгледаат неверојатни и уникатни.
Книгата нема да биде достапна во продавниците на брендот, туку во селектирани книжарници ширум светот.