Публиката во студиото на Стиви Харви на телевизијата Фокс 26 неодамна имаше многу тешка задача. Во студиото се појавија три прекрасни жени Мими, Арент и Линда, а задачата на публиката беше да погодат колку години имаат тие.
Она што ја направи задачата на публиката уште потешка е тоа што нивните години со нивниот изглед не одат „рака под рака“.
Буквално сите гости во публиката посочија дека жените се во петтата или шестата деценија од животот, но вистинскиот шок настана кога тие открија дека имаат повеќе од 70 години!
Својот добар изглед трите жени и го должат на здравата исхрана, вежбањето, спиењето и повремената детоксикација со помош на природни сокови.
Мими има 75 години, а публиката и даде 55. Оваа шармантна авторка од Сан Диего 40 години е вегетаријанец, а пред шест години се одлучила за веганство, кое што и помогнало во борбата против артритис.
Меѓу нејзините омилени слатки е чоколадниот десерт, направен од индиски путер и какао путер кој што е богат со магнезиум.
Оваа жена четири пати неделно вежба јога, се труди себеси да си овозможи доволно сон, не дозволува да се здебели и често се смее.
Линда пак, има 71 година, а публиката во студиото рекла дека изгледа како да има 42!
„Секој ден имам кардио тренинг, возам велосипед или трчам на стаза“, вели Линда.
Страста кон бодибилдингот таа ја открила во раната младост. Пред овој спорт се занимавала со балет, а успеала и да добие титула за државен и меѓународен шампион во оваа дисциплина.
Третата жена, Анет, нема 49 години, како што мислела публиката, туку 72! Таа во последните 45 години периодично применува детоксикација на организмот со цедено овошје и многу зеленчук.
Нејзиниот омилен пијалок е составен од четири моркови, две јаболки и две црвени пиперки. Една чаша од овој сок е полна со витамин Б, а Анет објаснува дека цедењето овозможува од зеленчукот и од овошјето да се искористат до максимум сите хранливи состојки.
Иако важи мислењето дека сонцето и штети на кожата, Анет порачува:
„Бидете на сонце што е можно почесто“!
Што велите вие, колку години навистина имаат овие жени!?