Ноември резервиран за Serbia Fashion Week

7 октомври 2015

Интернационалниот фестивал на модата и дизајнот, Serbia Fashion Week, ќе се одржи од 9-ти до 16-ти ноември и тоа во два града, Белград и Нови Сад.

Ова ќе биде петто издание на модната манифестација, каде ќе земат учество познати светски и српски дизајнери. Како велат организаторите, се очекуваат околу 30.000 посетители, преку 70 дизајнери од Србија, регионот и светот, како и присуство на новинари од престижни медиуми, како што се Vogue, Harper’s Bazaar, државната француска телевизија TV5 Monde и други.

И оваа сезона, Националната модна недела ќе се состои од неколку сегменти и тоа – интернационална мода, домашна мода, едукативни конференции, Design week и Showroom/Popup stores.

Главниот дел од манифестацијата, модните ревии ќе се одржат во Мастер центарот на Новосадскиот саем.

Но, пред тоа, организаторите нудат интересни активности.

Популарната акција Serbia Street Style доби назив Serbia Street Style: Balkan Edition!. После пристигнувањето на пријави на фотографи од повеќе од 15 градови и 5 земји, покрај српските, во оваа модна недела ќе учествуваат и фотографи од Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора.

Сите оние што уживаат во модата, а ќе се најдат периодов во Нови Сад, Белград, Панчево, Ниш, Крагујевац, Косовска Митровица, Подгорица, Будва, Тивт, Херцег Нови, Сараево, Бијељина, Осјек, Софија, Пловдив, Асеновград ќе имаат можност да се фотографираат во својот град и да учествуваат во изборот за најдобар стил на облекување, кој ќе трае од 10-ти до 17-ти октомври. Најдобриот моден стил и севкупниот впечаток ќе бидат одредени со помош на Фејсбук „шерови“, а покрај стајлинзите, ќе се наградуваат и фотографи. Тројцата најдобри фотографи ќе бидат избрани по проценка на стручно жири, ќе бидат наградени со изложба во рамки на Showroom-овите, а најдобриот добива и СПА викенд за двајца. 

Повеќе информации можете да добиете на официјалната страна на Serbia Fashion Week или на нивната Фејсбук страна.

Објавено:
7 октомври 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
206 пати