Ноемвриското издание на „Ел“ со осум насловни

13 октомври 2016

Магазинот „Ел“ се подготвува за 23-тата годишна прослава на жените што го „осветлуваат“ екранот. Токму затоа, ноемвриското издание на британскиот „Ел“ ќе биде со осум насловни страни, на кои ќе се најдат осум талентирани дами – Кристен Стјуарт, Лупита Нјонго, Ејми Адамс, Ана Кендрик, Аџа Наоми Кинг, Фелисити Џонс, Кети Бејтс и Хелен Мирен, секоја репрезент на различен карактер и сензибилитет.

Во продолжение погледнете како изгледа секоја од насловните страни и дел од интервјуата со споменатите дами:

Кристен Стјуарт

За љубовниот живот: Не сум засрамена, ниту збунета. Работите се менуваат. И тоа не само со мене. Ние навистина имаме можност да го охрабриме прифаќањето да се развива и да биде одлично – вели актерката која од неодамна откри дека сака и девојки.

 

Лупита Нјонго

За успехот и покрај тоа што агентот ѝ кажувал дека нејзината кожа е „премногу темна за Африканската телевизија“: Израснав со многу ограничено огледало и одраз на себеси. Гледав многу телевизија, но таму луѓето беа секогаш со светла кожа. А сега, имам платформа што ме носи во домовите на луѓето и на страниците на нивните магазини“, потенцира Нјонго.

 

Ејми Адамс

За потрагата по себеси во 20-тите: Не работев и не бев среќна. Продолжував да се обидувам да учам нови актерски техники. На пример се трудев да глумам како актерките што беа вработувани. Си помислив дека можеби тогаш ќе добијам и јас работа. Поголемиот дел од моите 20-ти години помина во пронаоѓањето на тоа која сум и каде припаѓам. Не само во Холивуд, туку и општо во светот. Ми требаше многу време за да го препознам и најдам сопствениот глас – открива актерката.

 

Аџа Наоми Кинг

За инспирацијата од луѓето со кои работи: Сакам да пишувам, сакам да режирам, да продуцирам – сакам да го живеам она за што сметам дека значи комплетен уметник. Отсекогаш сакав да го правам тоа, но не знаев дали сум доволно способна. Сега, гледам во Виола Дејвис и во Нејт Паркер, и си мислам: „Само направи го тоа. Ти треба само да почнеш, знаеш?

 

Хелен Мирен

За тоа дека е најмногу изненадена од нејзината доцна фаза на кариерата: Не знам зошто. Мислам дека тоа е среќна комбинација на повеќе елементи, не само од тоа што се случи да се вљубам во Американец (режисерот Тејлор Хекфорд) во моите доцни триесетти, човекот кој денес е мој сопруг. Но, и покрај тоа што јас себеси се доживувам како апсолутна Британка, овде во Лос Анџелес бев и тоа како видлива.

 

Ана Кендрик

За благодарноста за нејзината кариера: Понекогаш чувството е како да стојам во една од оние соби со многу врати. И се прашувам, зошто да не продолжам да ги отворам? Дури и ако зад нив има нешто што би ме нервирало, подобро е да знам. Мислам дека за мене ќе биде многу тешко да знам дека треба да направам пауза, или да се фокусирам на нешто друго, бидејќи се чувствувам толку благодарна, што продолжувам да ги отворам вратите.

 

Фелисити Џонс

За улогата во филмот „Војна на ѕвездите“ и за степенот на слава што доаѓа со популарноста: Мислам дека тие одлуки ги носиш кога се одлучуваш да се занимаваш со оваа работа. Доаѓа со одговорноста. Мојот идол и пример е Хелен Мирен со која имав и шанса да соработувам во повеќе наврати. Тие знаат дека е привилегија да се прави она што го правиме ние. Не можеш одеднаш да си отидеш или да кажеш, не го сакам ова повеќе, затоа што си во филм на кој луѓето реагираат. Па, ќе најдеш начин како да се движиш.

 

Кети Бејтс

За тоа дека отсекогаш знаела дека сака да биде актерка: Мислам дека сите ги чувствуваме оние моменти кога едноставно си погоден од нешто толку моќно и одеднаш знаеме: „Тоа е тоа што сакам да го правам. Ќе направам било што за да бидам дел од тоа“. Не се работи за тоа, „Сакам да бидам позната“ и сите тие глупости – тоа е нешто многу подлабоко, нешто што те „зграбува“ и ти го одзема здивот.

Објавено:
13 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
250 пати